logo
logo
logo

Расте предноста на хрватската опозициска СДП во однос на владејачката ХДЗ

Vecer | 07.04.2025

Расте предноста на хрватската опозициска СДП во однос на владејачката ХДЗ

Според истражувањето, спроведено од 1 до 4 април, објавено од хрватски РТЛ, СДП одржува минимална предност во опсегот на дозволена статистичка грешка со поддршка од 26,4 отсто (26,3 отсто во март) додека ХДЗ е втора со 25,8 отсто поддршка (наспроти 26,1 отсто во март).

ХДЗ беше во водство во однос на СДП со максимални 15 проценти, таа предност почна да опаѓа во март минатата година, а кулминацијата се случи со триумфот на претседателот Зоран Милановиќ на претседателските избори. По инаугурацијата во февруари, СДП ја престигна ХДЗ по пет години и ја одржува таа предност пред локалните избори што ќе се одржат во Хрватска на третата недела од мај.

На третата позиција е платформата „Можеме“ со 10,2 отсто поддршка, што е на ниво од минатиот месец, а на четврто место е Мост со седум отсто поддршка.

Татковинското движење, партнерот на ХДЗ во власта, има поддршка од 2,5 отсто.

Севкупно, три четвртини од гласачите во Хрватска го дадоа својот глас за една од горенаведените партии, од кои СДП и ХДЗ „заземаат“ најголем дел.

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници со методот CATI (телефонска анкета). 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk