logo
logo
logo

РСЕ: ЕУ ќе ги повика сите земји од Западен Балкан да воведат санкции кон Русија

Vecer | 08.12.2023

РСЕ: ЕУ ќе ги повика сите земји од Западен Балкан да воведат санкции кон Русија

Во нацрт-декларацијата што треба да се усвои на крајот на самитот се наведува дека усогласувањето со политиките на ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите, сега повеќе од кога било. 

Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ на 13 декември ќе се сретнат со своите колеги од шест земји од регионот на редовниот годишен самит ЕУ-Западен Балкан. 

-Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и заедничка одговорност. Додека ја продлабочуваме соработката со партнерите, ги повикуваме да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ и да дејствуваат соодветно, се вели во нацрт-декларацијата во која Радио Слободна Европа (РСЕ) имале увид. 

Текстот ќе ги пофали партнерите од Западен Балкан кои веќе ја покажуваат својата стратешка определба со целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и ќе ги охрабри „оние кои се уште не го сториле тоа“ да го следат нивниот пример. 

-Охрабруваме и подобрување на спроведувањето на рестриктивните мерки и спречување на нивно заобиколување, велат лидерите на ЕУ во завршната декларација. 

Со тој документ треба да се согласат и учесниците на самитот од регионот. 

Посебен дел во завршната декларација се однесува на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Како што е наведено во нацртот, се нагласува дека ЕУ очекува од Приштина и Белград да се ангажираат конструктивно за да се постигне брз напредок во нормализацијата на односите. Забележано е дека тоа е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на целиот регион и да се осигура дека двете страни можат да напредуваат на европскиот пат.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk