Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на Доналд Трамп слета во Белград, објавија српските медиуми.
Според она што е познато тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Има многу шпекулации за тоа што ќе разговараат Вучиќ и Доналд Трамп Јуниор. Една од нив секако е комплексот со хотелот кој треба да се гради во Белград.
Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го посети Белград на крајот на септември минатата година, во екот на кампањата на неговиот татко за втор претседателски мандат. Трамп помладиот за време на престојот во еден белградски хотел се сретна со бизнисмени и претставници на романската бизнис елита, а потоа отпатува за Романија.
Доналд Трамп Јуниор игра клучна улога во политичкиот живот на САД, каде што е познат како еден од најважните советници на неговиот татко, со особено влијание за време на изборната кампања. Иако неодамна го посети Гренланд, се верува дека би можел да одигра значајна улога во обликувањето на политиките на новата американска администрација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата