Стано, за приштинскиот весник Коха, го повтори ставот дека изборите за градоначалник во април не понудија долгорочно политичко решение.
-Што се однесува до изборите, иако делумните избори за градоначалници во април 2023 година во четири општини на северот беа спроведени во согласност со законската рамка на Косово, многу јасно кажавме дека поради слабиот одзив на граѓаните, тие не понудија долгорочно политичко решение. Затоа е важно што поскоро да се организираат сеопфатни локални избори, на кои косовските Срби би учествувале без предуслови, рече портпаролот на Европската унија.
Тој додаде дека тие избори ќе треба да се одржат во согласност со договорот за деескалација на тензиите.