Самоорганизираната група „Студенти у блокади“ повика вечерва, на 13 август, граѓаните во повеќе од 30 градови и места низ Србија да им се придружат на симултани протести.
Со пораката „Србијо, разбуди се“, студентите испратија јасен апел преку социјалните мрежи.
Како што беше најавено, граѓаните во Белград се поканети да се соберат во 19:30 часот пред Полјопривредниот факултет, додека во 20:00 ќе има собири и пред општините Нови Београд и Вождовац, Правниот факултет и во Пожешка улица кај Мекдоналдс. Во Нови Сад, протестот е најавен за 19:00 часот во студентскиот кампус.
Покрај Белград и Нови Сад, протести ќе се одржат и во Ниш, Крагуевац, Смедерево, Кралево, Чачак, Горни Милановац, Суботица, Сомбор, Зрењанин, Ваљево, Аранѓеловац, Шабац и во други градови и населени места низ земјата.
Во објавата на студентите се наведени точните локации и времиња на протестите ширум Србија:
Извор: N1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата