logo
logo
logo

Трамп помладиот за протестите во Србија: ИМА ИЗВЕШТАИ ЗА ВМЕШАНОСТ НА АМЕРИКАНСКИ АГЕНЦИИ – ШОКИРАН СУМ

Vecer | 14.03.2025

 Трамп помладиот за протестите во Србија:  ИМА ИЗВЕШТАИ ЗА ВМЕШАНОСТ НА АМЕРИКАНСКИ АГЕНЦИИ – ШОКИРАН СУМ

Доналд Трамп Јуниор во подкаст со претседателот Александар Вучиќ истакна дека има вмешаност на американски агенции во протестите во Србија.

Доналд Трамп Јуниор најпрвин накратко ја опиша ситуацијата во Србија и објасни дека НАТО ја бомбардирашше Србија во 1999 година, среде скандалот со Моника Левински и Бил Клинтон и дека многумина го гледаат бомбардирањето на Србија како одвлекување на вниманието од таа афера.

Тој посочува дека сите демонстранти во Србија се поврзани на ист начин како и левичарите во Америка.

„Истата пропагандна машина. Има извештаи за вмешани американски агенции. Шокиран сум кога го слушнав тоа“, изјави Доналд Трамп помладиот.

Тој потсетува дека Србија стои на ставот дека Косово и Метохија се составен дел на Србија. Тој истакнува дека Вучиќ многу добро ги познава и Владимир Путин и Владимир Зеленски и дека има софистицирани ставови кои не се слушаат од повеќето медиуми.

Тој исто така изјави дека посетата на Србија е „искуство кое отвора очи“ и дека нашата земја се бори за суверенитет и заштита на границите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk