logo
logo
logo

Велиај: Истрагата на СПАК ја поддржувам на секој чекор, презирам лажни вести од медиумите

Vecer | 07.12.2024

Велиај: Истрагата на СПАК ја поддржувам на секој чекор, презирам лажни вести од медиумите

Во реакција на социјалните мрежи подвлекува дека ги поздравува и ги поддржува процедуралните чекори што ги презема Специјалното обвинителство во врска со овој случај.

- Врз основа на  процедуралните чекори што ги презема Специјалното обвинителство во врска со имотната истрага што се води против мене и членовите на моето семејство не само што се добредојдени, туку и ги поддржувам на секој чекор. Помина долго време откако истрага и судење спроведува  опозицијата заглавена во калта на корупцијата и т.н. "медиуми“, кои се борат со секој јавен функционер кој не подлегнува на нивните притисоци и уцени за неправедна корист, стои во објавата.

Јас и членовите на моето семејство, како граѓанин на оваа земја, но во исто време и во својство на градоначалник на Тирана, додава понатаму, секогаш ќе бидеме отворени за секаква постапка и одлука на институциите на правдата.

-Но, истовремено и за презир кон секоја невистина, која има за цел да го наруши мојот имиџ и на членовите на моето семејство, како и ширење, пред се, дезинформации за работата на самите овие институции, наведува Велиај.

Посочува дека "не припаѓа на старата политичка каста која се става над законот, правдата и институционалната одговорност".

СПАК го истражува за аферата со инценаторите, аферата „5Д“ во која се притворени најмалку десеттина високи општински раководители, но и истрагата за имотната состојба, заедно со сопругата Ајола Џоџа, и членови на нивните семејства.

По налог на СПАК агенти на Националното биро за истраги вчера вршеле претрес во неговиот дом, при што го одзеле телефонот на Џоџа, како и во седиштето на галеријата „Харабел“ во Тирана, чиј директор е таа.

Дел од медиумите шпекулираа дека тој бил информиран за налогот на СПАК и оти побегнал во Германија. Всушност, како што самиот објави бил во посета на Хамбург на покана на тамошниот градоначалник. 

На барање на медиумите од СПАК, само кусо одговориле дека станува збор за почетни постапки и оти во интерес на истрагата не даваат информации. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk