Непознати лица утрово ограбиле две банки во атинска населба, а кражбите биле во период од пет минути, по што во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање на сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните неофицијални информации и во двата случаи лицата се превезувале со мотори и засега е непознато дали двете кражби се поврзани, како и колку пари успеале да одземат.
Едниот грабеж бил во 9.40 часот, а вториот во 9.45, а филијалите на двете банки се наоѓаат една спроти друга на централен булевар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата