Албанија има 2,4 милиони жители од кои околу половина се Муслимани, а според последниот попис Бекташите сочинуваат околу 10 отсто од муслиманите во земјата, или нешто над 100.000...
Не е јасно како на Бекташкиот ред ќе му биде доделен легален суверенитет, но од редот соопштија дека треба да има суверенитет идентичен со оној на Ватикан, што значи дека ќе управува со верските и административните прашања независно од Албанија.
Државата ќе ја води Баба Монди, поглаварот на Бекташите.
Овој ред од исламот потекнува 13 век од отоманската империја, а доминирал со јаничарскиот корпус.
Откако Кемал Ататурк ги забрани верските институции, седиштето на бекташката заедница е преместено во Албанија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата