-На овој значаен состанок се очекува да учествуваат високи претставници од САД, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија. На оваа средба ќе присуствува и помошник-секретарот за одбрана на САД за меѓународна безбедност, Селест Валандер, објави АТА.
Поздравен говор на првиот ден од работата ќе одржат домаќинот, министерот за одбрана Пиро Венгу и американскиот помошник секретар.
-Високите претставници на земјите учеснички на Иницијативата на САД - Јадранската повелба (А-5) ќе разговараат за интеграциските процеси на балканските земји преку механизмите на оваа иницијатива како и за иднината на оваа иницијатива. Војната во Украина и нејзините последици во Југоисточна Европа, безбедносните предизвици на Западен Балкан, проширувањето со нови членки на Иницијативата на САД - Јадранската повелба, заедничкиот придонес во НАТО и другите меѓународни мисии, наведува агенцијата.
Земјите учеснички ќе потпишат и заедничка декларација на крајот на состанокот.
Иницијативата на САД - Јадранската повелба е дипломатска иницијатива која ги вклучува земјите од регионот на Западен Балкан и има за цел зајакнување на соработката и интеграцијата на овие земји, со поддршка на Соединетите Американски Држави во евроатлантските структури, но таа исто така помага да се промовира стабилноста и економскиот развој во овој регион.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата