Во поголем дел од Хрватска од вчера попладне непрекинато врне, што значително го подигна водостојот на реките, а во Загреб се излеа реката Сава.
Дирекцијата за цивилна заштита на МУП на Република Хрватска најави дека ќе вклучи мерки за одбрана од поплави.
Поради најавените високи водостои на Сава, Купа и Одра, Хрватски води издаде наредба за отворање на сливот Превлака.
Тие, исто така, ги предупредија сточарите навреме да го повлечат добитокот од местата за задржување во Лоњско поле, Одранско поле и Жутица. Во Загреб, Сава малтен се подели на три посебни реки, онаа во коритото и по една дополнителна река од секоја страна.
Нивото на водата најверојатно ќе продолжи да расте.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата