logo
logo
logo

Вонредни проверки во ноќни клубови во Грција за почитување на мерките за противпожарна заштита

Vecer | 18.03.2025

Вонредни проверки во ноќни клубови во Грција за почитување на мерките за противпожарна заштита

Во ноќни клубови, во магацини и фабрики што спаѓаат во категориите со висок ризик, како и во објекти за рециклирање, собирање на опасен или неопасен отпад за кои потребен е сертификат за (активна) противпожарна заштита во Грција ќе се спроведат вонредни контроли за почитување на мерките и средствата за противпожарна заштита, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежните служби во Министерството наредиле, покрај редовните контроли по случаен избор, во вториот квартал од 2025 година да се спроведат и вонредни инспекции во простори каде што има собири на луѓе.

Според ревизорските податоци од Управата за заштита од пожари, како што соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција, во текот на 2024 година, биле извршени вкупно 2.543 проверки на објекти кои се користат за јавни собири и биле констатирани 595 пропусти – забелешки, а изречени биле 215 административни казни во вкупен износ од 248.522 евра. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk