logo
logo
logo

Вучевиќ: Фантазмагориите на Курти, базите на српската војска со години се на истото место

Vecer | 10.07.2024

Вучевиќ: Фантазмагориите на Курти, базите на српската војска со години се на истото место

 Српскиот премиер Милош Вучевиќ реагирајќи на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за Си-Ен-Ен порача дека Србија не прекршува ниту еден меѓународен договор, документ, ниту резолуцијата 1244 на Обединетите нации, а воените бази на српската армија со години се наоѓаат на истото место, јави дописникот на МИА од Белград.

-Уште еднаш ја имаме на дело фантазмагоријата на Албин Курти, кој не ни знае точно што значи зборот база, се наведува во соопштението на Вучевиќ на Инстаграм, во врска со изјавите на Албин Курти дека Србија е „многу агресивна“ и дека западните партнери треба да извршат притисок врз Белград да ги отстрани воените бази лоцирани во близина на Косово.

„Тоа што Курти по којзнае кој пат се обидува да направи медиумска драма за тоа како Косово наводно се загрозува, не е ништо повеќе од продавање магла на неговите западни спонзори“, смета Вучевиќ.

Тој посочи дека Курти не е жртва, ниту некој е во опасност во Косово, освен српскиот народ на кој истото лице им ги ускратува основните човекови права.

-Значи, единствените на кои им се заканува на Косово и Метохија се Србите, а тоа е поради постојаното насилство, провокациите, деструктивните дејствија и медиумскиот спин што ги спроведува самиот Курти. Не треба да заборавиме дека Србија е членка на Партнерството за мир, дека соработува со НАТО, така што тие многу добро знаат што истиот тој Курти ускратува, порача српскиот премеир.

Вучевиќ додаде дека српската армија ќе продолжи да се зајакнува и модернизира, бидејќи е гарант за мирот и безбедноста на Србија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk