logo
logo
logo

За почист воздух Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година

Vecer | 15.01.2025

За почист воздух Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година

 Исто така, ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија, со што ќе се замени сегашниот стандард „Еуро 4“. Тоа значи дека автомобилите произведени пред 2011 година повеќе нема да смеат да влезат во државата.

- Според податоците на Дирекцијата за транспорт, само лани биле регистрирани 100 илјади возила увезени од 81 земја, од кои над 33 илјади ја исполниле само нормата Еуро 4, додека 22 илјади биле постари од 15 години. Оваа политика доаѓа како обид да се исполнат меѓународните барања за заштита на животната средина и безбедноста на патиштата, бидејќи постарите автомобили се сметаат за позагадувачки и поопасни за сообраќајни несреќи, објавија албанските медиуми.

Наведуваат дека и земјите од регионот спровеле слични политики. 

Црна Гора го забрани увозот на автомобили произведени пред 2009 година, додека Косово од 2017 година не дозволува воведување возила постари од 10 години, забранувајќи од 1 јануари 2025 година увоз на автомобили произведени пред 2015 година. Во моментов, просечната старост на автомобилите во регионот е 18 години, додека во Европската Унија е 12 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk