Кандидатот за премиер од редовите на ГЕРБ, Росен Желјазков изјави дека преговорите се уште траат и дека ништо не е завршено.. ГЕРБ досега постигна начелен договор со БСП-Обединета левици и со Има таков народ на Слави Трифонов, а во моментов интензивно се разговара и со движењето „Алијанса за права и слободи“ на Ахмед Доган.
Желјазков рече дека списокот со имињата на министри е подготвен, но останува неизвесно дали ќе ја имаат неопходната поддршка. Утре напладне Радев ќе му го врачи првиот мандат за состав на влада на Желјазков, како претставник на партијата која победи на изборите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата