logo
logo
logo

ГАЛОПИРА ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ, во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Vecer | 09.04.2025

ГАЛОПИРА ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ, во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.

Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Во вториот квартал од 2024 становите забалежаа поскапување за 11,5 проценти на годишно ниво и од 8,2 проценти на квартално ниво.

Во третиот квартал лани растот на годишно ниво изнесуваше осум проценти, а на квартално имаше пад од 0,3 проценти, по што повторно следуваше раст во четвртиот квартал на квартално ниво за 3,3 проценти, а за 10,6 проценти на годишно ниво.

Индексот на цени на станови е изготвен од страна на НБРСМ, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk