logo
logo
logo

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

Vecer | 14.04.2025

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско село, донирајќи 6.000 литри екстра лесно масло за греење, со што целосно ќе ги покрие потребите за затоплување на куќата во текот на грејната сезона.

„Ова не е само уште една донација на нашата компанија, туку потврда за нашата долгорочна посветеност и поддршка на заедницата, особено на ранливите категории во неа, која во иднина ќе продолжи преку реализација на значајни и одржливи проекти и донации. Децата се нашата иднина, затоа инвестирањето во подобри услови за нивен раст и развој значи инвестирање во подобро утре за сите“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА.

Младинските куќи на СОС Детско село обезбедуваат постојана грижа и поддршка за млади над 14-годишна возраст, овозможувајќи нивен личен и образовен напредок, како и подготовка за нивниот иден самостоен живот по 18 години. Организацијата им овозможува средина во која можат да се развиваат безбедно и сигурно, со посветена поддршка од стручни лица и воспитувачи.

„Соработката со ОКТА претставува вистински пример за долгорочно партнерство кое носи видливи и суштински резултати. Благодарение на оваа донација,на младите им е обезбедена топлина во домот, овозможувајќи им да се насочат кон своите дневни обврски во школувањето и животот. Нам пак, ваквите донации ни оставаат простор долгорочно да ги планираме нашите активности насочени кон личен развој на младите од оваа ранлива група“, изјави Јулијана Накова Гапо – Национален директор на СОС Детско село.

Како дел од својата стратегија за општествена одговорност, ОКТА континуирано ги поддржува ранливите категории во општеството, стремејќи се да биде активен чинител во создавањето на подобри услови за живот во заедницата.Ова е трета година по ред како ОКТА обезбедува гориво за целосно затоплување на една од младинските куќи во СОС Детско село, а во насока на спроведување на општествено одговорните практики оваа соработка ќе продолжи и ќе се прошири со реализација на повеќе значајни донации и одржливи проекти особено во делот на зелената енергија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk