logo
logo
logo

ПРОВЕРУВАЈТЕ ДАЛИ ВИ СТИГНАЛЕ ПАРИ - УЈП почна со исплата од скенираните сметки

Vecer | 19.05.2025

ПРОВЕРУВАЈТЕ ДАЛИ ВИ СТИГНАЛЕ ПАРИ - УЈП почна со исплата од скенираните сметки

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните сметки за првото тримесечје од 2025 година.

За првото тримесечје од 2025 година кон 496.531 корисници на апликацијата МојДДВ ќе се исплатат вкупно 790,5 милиони денари. До денес, исплатени се 240 милиони денари кон 152.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ, известуваат од УЈП.

Оттаму напоменуваат дека во овој момент 4.724 корисници кои скенирале фискални сметки имаат наведено погрешна трансакциска сметка и поради таа причина УЈП не е во можност да го реализира повратот.

Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка истите може да ги сменат директно во апликацијата. На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ, велат од УЈП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk