logo
logo
logo

ИЗВОНРЕДНО ВИСОК РАСТ НА БДП ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ, на стабилна нула од голем минус е трговијата во индустријата

Vecer | 14.06.2025

ИЗВОНРЕДНО ВИСОК РАСТ НА БДП ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ, на стабилна нула од голем минус е трговијата во индустријата

Сите индикатори кои се објавуват за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

-Доколку имаме во предвид дека бевме во длабок минус, во моментов сме дојдени во состојба на стабилна нула и сега ние треба да почнеме да креваме. Покрај растот на трговијата во индустријата од 6% е она што мене ме радува дека расте преработувачката индустрија од 6,6%. Расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар што е многу важно за нас. Тој расте многу повеќе од домашниот. Домашниот пазар мисламд ека има околку 1,5 или 1,7 % пад, а прометот во трговијата во индустријата надвор е негде околу 7,5 – 7,6 %, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека не треба да се заборави и параметарот за издадени одобренија за градба со кои во месец ноември државата има 39-40 % повеќе.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП.

-Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата е стабилизира во рамките на нула, не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за послдните податоци од Државниот завод за статистика за состојбата во прометот во индустријата.

Мицкоски посочи дека има раст во преработувачката индустрија од околу 6, 6 проценти, како и дека расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар.

-Покрај растот на трговијата во индустријата од шест проценти она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6,6 проценти, расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународнот пазар значи извозот тоа е многу важно за прометот и тој многу повеќе расте од домашниот, домашниот има мислам има околу 1,5 пад, додека пак растот на прометот на трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 проценти. Да не го заборавиме параметарот издадени одобренија за градење во ноември има 38,9 проценти повеќе во однос на лани во април. Туристите се некаде 20-тина проценти, рече Мицкоски кој присуствуваше на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во Општина Аеродром.

Тој оцени дека ова се охрабрувачки сигнали, и рече дека воедно е забележан и раст на кредитите од страна на правните лица.

-Растот на кредитите, исто така од страна на правните лица е поголем за инвестиции во основни средства околу 16 поценти и ова се параметри кои укажуваат дека во вториот квартал би требало да имаме еден извонредно висок раст на БДП. Да не бидам погрешно сфатен кога зборувам за БДП зборувам за нашиот не зборувам дека нашиот по куповна моќ или волумен на пари е трет или четврт, но кога зборуваме за раст процентуално во однос на нашиот, тогаш ние во првиот квартал бевме четврти во Европа, а ако продолжат овие трендови можеме да бидеме некое место погоре, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk