Цените на нафтата на светските берзи забележаа остар пораст, поттикнати од неизвесноста околу безбедноста во Ормускиот теснец. На лондонската берза, барел нафта типот „Брент“ поскапе за 6,45 долари, достигнувајќи цена од 110 долари. Уште подраматичен скок е забележан на американскиот пазар, каде цената порасна за 10,80 долари, тргувајќи се по 110,92 долари за барел.
Според берзанските податоци, суровата нафта бележи раст од 11,41%, додека нафтата „Брент“ порасна за 7,78%. Иако повеќето западни берзи денеска се затворени поради Велики петок (според Грегоријанскиот календар), пазарите будно ги следат геополитичките тензии и извештаите за вработеноста во САД како индикатор за идната состојба на глобалната економија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата