logo
logo
logo

Комуналец Битола: Набавката е дел од рамковен договор, потрошени се само 1.600 евра, а не 60.000 евра

Vecer | 11.04.2025

Комуналец Битола: Набавката е дел од рамковен договор, потрошени се само 1.600 евра, а не 60.000 евра

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола велат дека не се потрошени 60.000 евра за храна за кучиња во локалното прифатилиште.

Според официјалното соопштение испратено до медиумите, до крајот на 2024 година биле потрошени 98.000 денари (околу 1.600 евра), а се очекува до крајот на рамковниот тендер вкупната потрошена сума да изнесува околу 6.000 евра.

Од претпријатието појаснуваат дека набавката е дел од рамковен договор склучен во септември 2024 година, по добивањето дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од Комуналец додаваат дека прифатилиштето работи според сите законски и професионални стандарди, а буџетот за идните јавни набавки ќе биде планиран врз основа на реалните потреби и досегашната потрошувачка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk