logo
logo
logo

ПРВИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС Е 2,2 милијарди евра, сега може да се зборува за два сигурни проекти – железничката инфраструктура и инвестиции во здравството

Vecer | 19.05.2025

ПРВИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС Е 2,2 милијарди евра, сега може да се зборува за два сигурни проекти – железничката инфраструктура и инвестиции во здравството

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство сега може да се зборува за два сигурни проекти – железничката инфраструктура и инвестиции во здравството, во износ од околу 2,2 милијарди евра.

- Многу сме внимателни во тој дел. Не одиме, да кажеме, наеднаш и оптимистички во реализација на сите шест милијарди имајќи предвид дека треба да имаме проекти што се зрели и да можат да се реализираат.

Првиот циклус подразбира некаде околу пет години. Тоа значи дека две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата затоа што вие, да речеме, при реализација на железничката инфраструктура имате активирано повеќе македонски компании кои ќе работата итн. Значи, додадената вредност ќе биде поголема, посочи Димитриевска Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk