logo
logo
logo

Ова е земја во која МИНИМАЛНАТА ПЛАТА е 2.638 евра

Vecer | 13.04.2025

Ова е земја во која МИНИМАЛНАТА ПЛАТА е 2.638 евра

Најниска минимална плата во Европската унија е забележана во Бугарија во јануари од 551 евро, а највисока во Луксембург од 2.638 евра, е заклучокот од истражувањето објавено од Евростат.

Минималната плата на национално ниво е законски утврдена во 22 од 27 земји на Европската унија, а исклучок се Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска.

Според податоците за јануари, во 10 земји од ЕУ е регистрирана минимална плата помала од 1.000 евра месечно.

Покрај Бугарија, тоа се Унгарија 707 евра, Летонија 740 евра, Романија 814 евра, Словачка 816 евра, Чешка 826 евра, Естонија 886 евра, Малта 961 евро, Грција 968 евра и Хрватска 970 евра.

Во следната категорија, каде минималните плати се движат меѓу 1.000 и 1.500 евра месечно, се Кипар 1.000 евра, Португалија 1.015 евра, Литванија 1.038 евра, Полска 1.091 евра, Словенија 1.278 евра и Шпанија 1.381 евра.

Земји со минимум повеќе од 1.500 евра месечно се Франција 1.802 евра, Белгија 2.070 евра, Германија 2.161 евра, Холандија 2.193 евра, Ирска 2.282 евра и споменатиот Луксембург.

Податоците покажуваат дека највисоката минимална плата во земјите на ЕУ била 4,8 пати повисока од најниската.

Разликите во минималните плати меѓу земјите од ЕУ се значително помали кога ќе се земат предвид разликите во нивоата на цените во споменатите земји, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Ако ја користиме вештачката валутна единица PPS која ги елиминира разликите во општите нивоа на цени во земјите на ЕУ, заклучуваме дека минималните плати се движеле од 878 PPS месечно во Естонија до 1.992 PPS во Германија, што значи дека највисоката минимална плата во земјите на ЕУ е 2,3 пати повисока од најниската.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk