logo
logo
logo

„Имаме нови 16 линии, буџетот за истите е зголемен на 250-260 милиони денари за оваа година“

Vecer | 04.08.2025

„Имаме нови 16 линии, буџетот за истите е зголемен на 250-260 милиони денари за оваа година“

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на субвенционираните летови истакна дека за истите, буџетот годинава е зголемен на 250 до 260 милиони денари, а благодарение на тоа бројот на странски туристи е зголемен за повеќе од 20%.

-Имаме 16 нови дестинации, буџетот за субвенционирање е зголемен на 250-260 милиони денари оваа година, истиот ќе биде и следната година. Резултатите се гледат и во секторот туризам, имаме повеќе од 20% зголемен број на странски туристи во првите пет месеци од годината. Ова се субвенции на доаѓање, на тие летови, не на заминување туку на доаѓање и во таа насока ќе продолжиме во периодот кој што следи, изјави денеска премиерот Мицкоски кој што присуствуваше на поставување на камен темелник на нова спортска сала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk