logo
logo
logo

Николоски договара отворање на НАЈМАЛКУ ДВА ЛЕТА со „Ер Арабија“, еден ќе биде кон Охрид

Vecer | 15.04.2025

Николоски договара отворање на НАЈМАЛКУ ДВА ЛЕТА со „Ер Арабија“, еден ќе биде кон Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во посета на Обединетите Арапски Емирати, објави дека се договараат летови со Ер Арабија.

Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат.

-Имаме бројни средби, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со „Флај Дубаи“ за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со „Ер Арабија“ за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот, изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk