logo
logo
logo

Македонците и Србите ЗЕМААТ КРЕДИТИ ЗА ДА ЖИВЕАТ, ХРВАТИТЕ ДА ИНВЕСТИРААТ

Vecer | 09.07.2024

Македонците и Србите ЗЕМААТ КРЕДИТИ ЗА ДА ЖИВЕАТ, ХРВАТИТЕ ДА ИНВЕСТИРААТ

Македонците и Србите земаат кредити за да живеат, а Хрватите за да инвестираат во недвижности. Квалитетот на животниот стандард во овие три земји, некогаш членки на иста државна заедница, дефинитивно се отсликува и преку видот на кредитите што ги земаат граѓаните од домашните банки за да ги финансираат своите потреби и желби

Во Хрватска доминираат станбените кредити, додека во Македонија и во Србија потрошувачките кредити, покажа анализата што ја направи порталот „Пари“.

Состојбата на кредитните задолжувања на граѓаните во банките во мај 2024 година, покажува дека од вкупно 22,8 милијарди евра кредити на физички лица во Хрватска, дури 11,2 милијарди евра отпаѓаат на станбени кредити, а уште 382,8 милиони евра на хипотекарни кредити. Вкупната задолженост на хрватските граѓани по основ на готовински и потрошувачки кредити, негативни салда на тековни сметки и кредитни картички, изнесува 9,7 милијарди евра и е за 1,5 милијарди евра пониска од задолженоста по основ на станбени кредити.

Во Македонија сликата е различна. Од вкупната кредитна изложеност на граѓаните кон банките, во износ од 3,8 милијарди евра, дури 2,2 милијарди евра отпаѓаат на потрошувачки кредити, кредитни картички и негативни салда на тековните сметки. Станбените кредити на крајот од мај годинава изнесуваат вкупно 1,4 милијарди евра.

Слична е состојбата и во соседна Србија, каде што граѓаните преферираат или имаат поголема потреба од кредити за задоволување на секојдневните животни желби и потреби. Заклучно со мај 2024 година, вкупната кредитна задолженост на српските граѓани изнесува 11,6 милијарди евра, од кои дури 6,5 милијарди евра се потрошувачки и готовински кредити и задолжувања на кредитни картички и трансакциски сметки. На станбени кредити отпаѓаат 5 милијарди евра, што во споредба со Македонија е за нијанса подобар сооднос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk