Швајцарија го обезбедува речиси целото зимско снабдување од своите планини, а над 1 400 мали хидроелектрани сочинуваат клучен дел од тој штит. Тие носат околу 10 % од националната електрична енергија, ја стабилизираат мрежата кога има пикови, но уште поважно обезбедуваат струја во предели каде другите инфраструктурни решенија се економски неисплатливи.
Швајцарија има значителен број мали хидроелектрани, кои играат витална улога во производството на обновлива енергија во земјата. Овие електрани, честопати категоризирани како објекти со течен тек, ја користат моќта на течната вода за производство на електрична енергија, придонесувајќи со околу 5% од вкупното производство на електрична енергија во Швајцарија.
Клучни карактеристики на малите хидроелектрани во Швајцарија:
Системи со течен тек:
Повеќето мали хидроелектрани во Швајцарија се објекти со течен тек, што значи дека пренасочуваат дел од течението на реката низ цевка кон турбина, минимизирајќи ја потребата од големи брани.
Капацитет:
Овие електрани генерално имаат инсталиран капацитет до 10 MW.
Размер:
Големината и бројот на мали хидроелектрани варираат во голема мера, од мали објекти што напојуваат индивидуални фарми до поголеми групи што снабдуваат цели долини.
Придонес кон енергетскиот микс:
Додека малите хидроелектрани придонесуваат со околу 5% од вкупното производство на електрична енергија во Швајцарија, тие сочинуваат приближно 10% од енергијата генерирана од хидроенергија.
Еколошки размислувања:
Многу мали хидроелектрани вклучуваат рибни скали или лифтови за да им овозможат на рибите да ја заобиколат браната и да ја одржат еколошката поврзаност.
Инвестиции и поддршка:
Швајцарската федерална канцеларија за енергетика го препознава потенцијалот за раст во овој сектор и активно ги поддржува инвестициите во мали хидроцентрали.
Примери:
Некои значајни мали хидроцентрали во Швајцарија се Битенен 1 и 2, Бругмиле и Ситермиле, како и електраните Виден.
Новите анализи покажуваат уште 1,5 TWh неискористен потенцијал што може да се мобилизира без изградба на нови брани, односно со изградба на мали хридроцентрали. Новата стратегија се темели на две идеи: модерни runofriver постројки со постојан екопроток и минитурбини инсталирани на веќе постоечки водоводни цевки, каде речиси нема влијание врз природата
Ова е рецептот на Швајцарија кон поголема енергетска слобода и општо добро за целото општество.
Швајцарскиот енергетски портрет

Швајцарија добива околу 60 % од целата електрична енергија од вода, со мрежа од 704 централи поголеми од 300 kW што испорачуваат просечно 37 TWh годишно. Во таа бројка влегуваат и над 1 400 мали хидроелектрани (МХЕ) – постројки до 10 MW – кои носат нешто под 10 % од националната електрична енергија и се третираат како критичен дел од стратегијата „Енергетика 2050“.
Значаен дел од производството се потпира и се активните 4 нуклеарки, кои Швајцарија планира да ги исклучи кога повеќе нема да ги исполнуваат сторгите безбедносни услови. Според планот до средината на 2040-тите тие треба да бидат демонтирани, а расходот е покриен преку федерални фондови за расклопување и радиоактивен отпад. Гасењето ќе отвори празнина од околу 35 % во базната моќност, па владата во Берн (сојузната престолнина) се свртува кон соларни паркови, ветерници, складишта и над 1400 мали хидроелектрани за да го задржи зимското снабдување и енергетската независност.Државата има донесено одлука да нема градење на нови реактори.
Строги правила за изградба на мали хидроцентрали

Швајцарската Федерална канцеларија за енергија пресмета дека со додавање на нови пико и минитурбини може да се генерираат плус 500 GWh.
Новите шпвајцарски правила точно ги дефинираат условите за иградба на малите хирдоцентрали. Runofriver моделот ја „позајмува“ водата преку мал довод и веднаш ја враќа во коритото, задржувајќи биолошки минимум проток. При тоа се налага автоматско следење на нивото на кислород, температура и миграција на рибите, со дигитални сензори поврзани во национална база на податоци. Оваа пракса е веќе присутна и во Австрија, каде над 40 % од малите хидроцентрали се вградени во национални паркови – доказ дека строгите стандарди функционираат.
Во време на растечки ценовни шокови и климатски предизвици, тоа е рецепт што не ја чини природата, а ја спасува сметката – модел што секоја планинска земја може да го препише, со точна доза и без несакани реакции.
Само за споредба Македонија како планинска земја, има реки со слични хидролошки шареници: низок летен проток, со зголемен проток на вода во студените месеци. Ако Македонија ја примени швајцарската формула – додавање микротурбини на водоводни линии може да добие стабилен зимски прилив и да падне под границата од 10 % увоз.
Мала хидро централа – голема корист во зима
За швајцарските Алпи важи двојна регулација: Законот за води пропишува минимален еко-проток, додека кантоните додаваат обврзни рибни патеки и дигитален мониторинг на кислород и температура. Ако сензорите јават отклон, турбините автоматски се гасат. Затоа и во UNESCO-регистрираниот регион Гринделвалд може да работи Kraftwerk Jungfraubahn, хидроцентрала со инсталирана моќност 12 MW и годишен излез од околу 60 GWh без да се наруши статусот на заштитена зона.
Швајцарскиот рецепт инсистира на „реставрација пред експанзија“: прво се реновира старото, па се додава ново само на постојна инфраструктура. Така и оваа хидроцентрала во 2024 г. беше надградена со нов водозафат и подземен цевковод, согласно со програмата за модернизација според критериумите „Енергетика 2050“.
Наместо мораториум, федералната влада и кантоните нудат грантови и поволни заеми за сите МХЕ-проекти што доказно ги исполнуваат еколошките услови и кога еднаш ќе добијат зелено светло, малите централи уживаат поддршка, а не јавна стигма.
„Јунгфрау“ – чиста струја за ски-центар и соседни општини

Во долината Литшентал во кантонот Берн се наоѓа и малата хидроцентрала изградена во 1908 година. Денес во електраната работат две Пелтон-турбини што годишно произведуваат околу 60 GWh електрична енергија, што е доволно за шинските линии, ски-инфраструктурата на „Јунгфрау“ и за соседните општини во регионот. Во лето, топењето на глечерите создава вишок кој се пласира во националната мрежа, а во зима, централата обезбедува дел од непрекинливата енергија за системите за вештачки снег, со што ски-центарот ја намалува зависноста од електричната енергија да ја купува по високи цени на европските берзи.
Паралела со македонската дебата
Во Македонија малите хидроцентрали често се етикетираат како „еколошка катастрофа“. Но Швајцарија покажува дека истите технологии можат да функционираат дури и во UNESCO-зони – ако се проектираат со еко-проток, рибни патеки и јавен мониторинг. Земјава, која и натаму увезува 700 GWh годишно струја, би можела да ги адаптира швајцарските стандарди: строга проценка по локација, транспарентни податоци во реално време и обврска за локален развој, наместо генерална забрана.
Швајцарија не гледа на малите хидроелектрани како на проблем, туку како на фин инструмент за енергетска сигурност и регионална економија, дури и во најзаштитените делови од Алпите. Клучот е во деталното планирање, дигиталниот надзор и фер распределба на бенефитите.
Дебатата што ја води Македонија не треба да заврши со „да“ или „не“ за МХЕ, туку со прашањето: кое е најдоброто швајцарско правило што можеме да го пресликаме кај?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата