logo
logo
logo

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Е ПРЕДЛОГОТ ЗА ГУВЕРНЕР НА НБРМ

Vecer | 21.05.2025

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Е ПРЕДЛОГОТ ЗА ГУВЕРНЕР НА НБРМ

Професорот Трајко Славески е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за гувернер на Народната банка Ваквата информација за „Република“ ја потврдуваат од Кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова до Собранието го доставила предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати – велат од Кабинетот.

Славески е актуелен претседател на Советотот на Град Скопје. Тој има богата академска и политичка кариера. Славевски е редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ, каде што и самиот ги минал сите скалила од додипломските студии до докторат. Јавноста го памети и како министер за финансии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk