logo
logo
logo

Сексуалните работници добија ШИФРА ЗА ДЕЈНОСТ - им се воведува ДАНОК

Vecer | 13.04.2025

Сексуалните работници добија ШИФРА ЗА ДЕЈНОСТ - им се воведува ДАНОК

Италија за прв пат планира да ги оданочува проститутките. Италијанското биро за статистика воведе сопствен деловен код ATECO за активности поврзани со сексуални услуги.

Шифрата ATECO е систем за класификација што се користи за јасно дефинирање и оданочување на економските активности на компаниите и работниците со скратено работно време, јавуваат странските новински агенции.

Новиот код ги опфаќа брачните агенции, агенциите за барање партнери сексуалните услуги и активностите за брзо запознавање, пишува Seebiz на австриската агенција APA.

Во Италија проституцијата е легална, но не е регулирана, а борделите и макроата се забранети.

Како што пренесува Ројтерс, сега се очекува сексуалните работници да добијат даночен број и да се обидат да го регулираат својот статус врз основа на класификацијата на активностите усвоена од италијанските власти.

Во Италија, сексуалните работници често немаат пристап до работничките права и не можат да ги пријават своите приходи или да плаќаат даноци, што е во целосна спротивност со другите европски земји како Холандија и Германија, каде што проституцијата е регулирана.

Тој потег беше критикуван од италијанската опозиција.

„Италијанската десница се залага за Бог, за државата и за семејството, но кога треба да ја наполни својата каса, таа дури и ја легализира проституцијата“, рече Луана Занела од Алијансата на лево-зелените (АВС).

Таа додаде дека покојната социјалистичка сенаторка Тина Мерлин, чии закони ги затворија борделите во 1958 година, „ќе се врти во нејзиниот гроб“, објави италијанската новинска агенција Анса.

Поради процутот на уличната проституција во Италија, веќе неколку години се расправа за можноста за повторно отворање на борделите и нивната строга контрола.

Како што јави АПА, се проценува дека во Италија има до 100.000 проститутки, од кои една третина доаѓаат од странство. Повеќе од половина работат на улица, а околу една петтина се малолетни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk