logo
logo
logo

Од денес ЕВТИНА струја преку ден ќе имаат само НОВИТЕ БРОИЛА

Vecer | 01.12.2023

Од денес ЕВТИНА струја преку ден ќе имаат само НОВИТЕ БРОИЛА

Евтина струја во текот на денот од денес ќе се пресметува само кај една третина од домаќинставата, односно на 170 илјади домаќинства кои според последните официјални податоци поседуваат броила со далечинско отчитување.

Останатите 650 илјади домаќинства кои имаат обични односно стари броила ќе чекаат екипите на ЕВН да им ги подесат за да може и тие да користат струја во евтина дневна тарифа, како и да им се пресмета потрошената електрична тарифа во новата евтина и скапа тарифа. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски очекува до крајот на месецот 90 отсто од домаќинствата да имаат сетирани или заменети стари со нови броила.

„Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување ќе имаат евтина тарифа, за другите група по група ќе се сетираат мерилата”, појасни Бислимовски.

По воведувањето на блок-тарифите, броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа. До денеска евтина струја имаше само ноќе во период од 22 часот до 6 наутро.

Приспособувањето на секое поединечно броило е рачно, за што е потребен физички контакт со секое од нив од екипите на ЕВН.

Од ЕВН Хоум објаснуваат дека оние кои имаат броило до далечинско отчитување на екранот на броилото ќе ја видат ознака Т2, што значи дека тие домаќинства струјата што ќе ја потрошат во периодот од 13 до 15 часот во денот ќе им биде пресметана во евтина тарифа. Другите ќе почекаат да им бидат рачно подесени броилата.

Менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски неодамна изјави дека темпото на промена на броилата ќе зависи од од потрошувачите и достапноста на броилата.

„Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира“, појасни Салтировски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk