logo
logo
logo

Разгледување на продавницата? ПЕТ ЕВРА!

Vecer | 02.09.2023

Разгледување на продавницата? ПЕТ ЕВРА!

Известувањето вроди со плод

Тони Марион од Барселона објаснува дека на почетокот се започнало како шега, но објавата се покажала како доста ефикасна за зголемување на продажбата.

“Обиколка на продавница, 5 евра по лице, благодарам“, пишува на влезот во дуќанот за деликатеси кој во шпанскиот град постои повеќе од 100 години, пишува сајтот Timeout.

Како што истакнува Марион, нивната намера не е воопшто да им наплаќаат на љубопитните набљудувачи, туку да ги спречат туристите да ја нарушат работата и функционирањето на продавницата.

Значи, навистина, тие сè уште не му наплатиле никому. Сепак, известувањето вродило со плод.

Сега кога посетителите доаѓаат да фотографираат, тие често завршуваат со купување на неколку предмети. Освен што купуваат производи, туристите покажуваат и подобри манири, нешто што сопствениците не веруваа кога туристите постојано влегуваа со камери.

Имено, нивната продавница е многу популарна меѓу туристите поради носталгичните реклами од 1920-тите и модернистичкиот шарм.

Масовниот туризам станува се поголем проблем во Барселона. Поради оваа причина, градот го забрани пушењето на сите градски плажи, воведувајќи казна од 30 евра за непочитување на одлуката.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk