logo
logo
logo

Што насетија Британците? БАНКАТА НА АНГЛИЈА ПРОДАВА ЗЛАТО СО ПОПУСТ

Vecer | 09.02.2025

Што насетија Британците? БАНКАТА НА АНГЛИЈА ПРОДАВА ЗЛАТО СО ПОПУСТ

Банката на Англија тргува со злато од својот трезор на поширокиот пазар со попуст од повеќе од 4 фунти (4,8 евра) за унца под цената на лондонската берза. Овој попуст доведе до голем интерес за златни прачки, објави Блумберг.

Трговците ширум светот брзаат да се здобијат со злато пред потенцијалните царини објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, иако тие не се однесуваат на благородни метали. Сепак, дилерите се загрижени дека златото исто така може да биде погодено од новите царини.

Цената на златото во светот во средата порасна на 2.864,99 долари за унца.

Додека трговците се тркаат со времето, растечките редици го прават златото во трезорот на британската централна банка помалку привлечно од златото во попристапните комерцијални трезори низ Лондон, забележува Блумберг.

Банката на Англија поседува повеќе од 400.000 златни прачки, вредни повеќе од 450 милијарди долари по тековни цени, кои ги чува главно во име на други централни банки, но и за неколку водечки дилери на злато.

Тоа е само дел од повеќе од 8.000 тони злато складирани во Лондон, но голем дел од него е во сопственост на фондови и други инвеститори кои можеби нема да сакаат да го продадат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk