logo
logo
logo

УДРИ ПО СИРОМАСИТЕ: ЕУ предлага ДВЕ ЕВРА ТАКСА за мал пакет, а такви доаѓаат од Тему

Vecer | 21.05.2025

УДРИ ПО СИРОМАСИТЕ: ЕУ предлага ДВЕ ЕВРА ТАКСА за мал пакет, а такви доаѓаат од Тему

Европската комисија предложи воведување на такса од две евра за секој мал пакет што влегува во Европа, од кој огромното мнозинство доаѓа од Кина.

„Зборуваме за две евра по пакет, кои би ги платила платформата (која го испраќа пакетот)“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ во Европскиот парламент во Брисел, пренесеоа медиумите

Според него, минатата година во ЕУ биле увезени околу 4,6 милијарди пакети.

Идејата е да се финансираат контролите, за кои се очекува да бидат зајакнати поради приливот на пакети со ниска вредност испратени од Азија, преку платформи како што се „Шеин“ или „Тему“.

Тој зголемен прилив се очекува поради зголемените царини што САД сакаат да ги воведат, особено за мали пакети од Кина.

Мерката ја побара Франција, која на крајот на април предложи наплата на „такса“ за секој мал пакет што влегува во ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk