logo
logo
logo

ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА 5% во првиот квартал од годината

Vecer | 22.05.2025

ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА 5% во првиот квартал од годината

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како и дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај, информираше дека Владата, токму во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Изрази ветување дека Владата ќе продолжи со поддршка на земјоделците и во следниот период.

„Да, апсолутно. Исклучително многу вложивме и во делот на земјоделието. Кај земјоделците, навистина, доста трансфери се направија изминатиот период и се вратија долгови од минатото. Веќе од оваа година ќе почнеме тековно да ги сервисираме обврските“, рече тој.

Премиерот напомена дека е направен голем чекор напред, со тоа што во првиот квартал од годината речиси за 5% е зголемен извозот на земјоделските производи.

„Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред. Но, тука не застануваме – продолжуваме понатаму.

Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците“, објасни премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk