logo
logo
logo

Кремаста пилешка салата, совршена за ЛАДНИТЕ МАРТОВСКИ ДЕНОВИ

Vecer | 11.02.2025

Кремаста пилешка салата, совршена за ЛАДНИТЕ МАРТОВСКИ ДЕНОВИ

Идеална за ладни или топли денови, лесна и кремаста, се лепи за непцето.

Салата од пилешко со кикирики која ќе ве воодушеви, а можете да ја јадете кога сакате!

Состојки:

500 гр пилешко бело месо

180 гр кисели краставички

150 гр печени солени кикиритки

150 гр павлака (12% маснотии)

150 гр лесен мајонез

1 лажица сенф

сол, бибер, зачини по вкус

Подготовка:

Пилешкото сварете го и ситно исечкајте го.

Киселите краставички исечете ги на коцки.

Исечете ги кикириките во електричен процесор за храна, оставајќи некои поголеми парчиња.

Измешајте ги месото и кикириките, додајте павлака, мајонез и сенф, зачинете по вкус и сè убаво измешајте.

Изладете и послужете!

Нутритивен состав:

100 гр готова салата содржи

Килокалории 203

Јаглехидрати 3,4 гр

Протеини 11,6 g

Маснотии 15,8 гр

Диететски влакна 1,2 гр

Гликемиски индекс 14

Гликемиско оптоварување 0,5

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk