logo
logo
logo

ПОСНА пита со јаболка: Лесен и брз рецепт, направенa со готови кори

Vecer | 05.03.2025

ПОСНА пита со јаболка: Лесен и брз рецепт, направенa со готови кори

Доколку барате совршена посна пита со јаболка која лесно се подготвува и мириса неодоливо на цимет и ванила, овој рецепт е вистинскиот избор.

Состојки:

Кори за пита 500 гр

Јаболка 1 кг

Шеќер 200 гр

Ванилин шеќер 1

Цимет 1 лажиче

Гриз 100 гр

Масло 100 гр

Минерална вода 100 мл

Шеќер во прав за посипување

Како да се подготви:

Излупете ги и изрендајте ги јаболката. Додадете шеќер, ванилин шеќер и цимет, па сè добро измешајте. Земете една кора за пита, намачкајте ја со масло и посипете со гриз. Врз неа ставете ја втората кора, повторно намачкајте со масло и посипете со гриз. На третата кора ставете малку од готовите јаболка, па свиткајте ги во ролат. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите кори и јаболка. Во подмачкан плех наредете ги ролатите.

Намачкајте ги со масло и прелијте ги со минерална вода. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 40 минути или додека питата не порумени. Кога питата ќе се олади, посипете ја со шеќер во прав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk