logo
logo
logo

Ислак Кек или турска влажна торта – восхитувачки сочна торта

Vecer | 01.07.2025

Ислак Кек или турска влажна торта – восхитувачки сочна торта

Ако сте љубител на чоколадни десерти, мора да ја пробате оваа торта бидејќи сигурно ќе бидете воодушевени.

Подготовката е лесна и брза, а сите состојки се во чаши и лажици, така што нема да губите време на непотребно мерење на состојките. Прво, треба да направите бисквит со какао, а потоа чоколаден прелив за богато натопување. Со топлиот прелив го прелеваме топлиот бисквит, а потоа сè треба добро да се олади пред сервирање.

Одлично чоколадно освежување за потоплите денови, иако е совршен и за кое било друго време од годината. Откако ќе го пробате, сигурно дека ќе го направите уште многу пати бидејќи неговиот прекрасен чоколаден вкус е незаборавен.

Бисквитно тесто (чашата за мерење е од 200 мл)

5 јајца

1 чаша шеќер

1 чаша млеко

1/2 чаша масло

5 лажици какао

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

2 чаши брашно

Помала тава за колачите да бидат повисоки или препорачуваме поширока тава за кората да биде потенка. Печете на 180° околу 20 минути.

Прелив

3 чаши млеко

1/2 чаша шеќер

1/2 чаша масло

150 г млечно чоколадо

50 г чоколадо за готвење

Гответе на оган додека чоколадото и шеќерот не се стопат, мешајќи.

Со топлиот прелив се прелева топлата бисквитна кора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk