Ако имате добар рецепт, сè што треба да направите е да ја следите количината на состојки. Треба да ги додадете точно како што е наведено во рецептот, но треба да бидат и на собна температура, освен оние што треба да бидат топли.
Постојат две состојки кои дефинитивно ќе помогнат вашето тесто секогаш да излегува совршено, а тоа се јогуртот и оцетот. Јогуртот ќе помогне производите од тестото да бидат меки, а оцетот ќе помогне тестото да нарасне побрзо.
Колку квасец треба да додадете во тестото?
Количината на квасецот зависи од тоа дали користите сув или свеж, но и од количината на брашно што го користите, а многу домаќинки почетници не го знаат ова.
За 1 кг брашно додадете цела коцка квасец (т.е. 42 гр.), која мора да се раствори во топла вода или млеко. Се додава и шеќер и се остава да се активира околу 10 минути.
Доколку немате свеж квасец, можете да користите и сув квасец, во тој случај треба да додадете околу 20 гр сув квасец или 2 кесички на 1 кг брашно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата