logo
logo
logo

Посни пица коцки

Vecer | 09.03.2025

Посни пица коцки

Лесни се за правање, практични за сервирање, а вкусот е неодолив

Состојки:

Тесто

450 гр брашно

180 мл кисела вода

180 мл масло

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 лажичка сув квасец

1/2 лажичка куркума

Фил

250 гр праз

400 гр печурки

1 лажичка сол

1/2 лажичка бибер

Кечап и оригано

Се замесува тесто со кисела вода, масло, шеќер, сол и квасец. Додадете куркума за тестото да добие жолта боја. Оставете го измешаното тесто да нарасне 30 минути.

На масло пропржете го ситно сечканиот праз, па додајте ги сечканите печурки. Кога водата од печурките ќе испари, посолете и побиберете. Поделете го филот на три еднакви дела.

Преостанатото тесто замесете го малку, па поделете го на четири еднакви дела. Секој дел формирајте го во топчиња.

Првото топче развлечете го во големина на плехот каде што ќе печете. Префрлете ја кората во плех, па премачкајте со две лажици кечап и посипете со оригано. Потоа прелијте го филот, па кората, па кечап, оригано и повторно фил. Постапката повторете ја повторно, а четвртата кора премачкајте ја само со кечап и посипете со оригано.

Тестото пред печење избоцкајте го со чепкалка и покријте го со фолија да одмори 10 минути.

Печете 30 минути на 180 C.

Повеќе детали за начинот на подготовка можете да најдете во видеото Slađini recepti.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk