Тие се одличен избор за почеток на денот бидејќи ќе ве заситат веднаш, а практични се и за пакување за на работа, па затоа не го пропуштајте рецептот за овие мафини со спанаќ.
Одлични се за време на Велигденскиот пост.
За љубителите на мафини, денес ви препорачуваме супер брз рецепт за меки домашни мафини со спанаќ, кои остануваат свежи и имаат феноменален вкус.
Изматете пет минути, печете 15, и за 20 минути ќе имате сочни и миризливи мафини!
Состојки:
1,5 чаши бело брашно
2,5 чаши пченкарно брашно
4 лажици гриз
1,5 кесички прашок за пециво
200 гр спанаќ
2/3 чаша масло (околу 100 ml)
30 чаши кисела вода
1 лажичка сол (или повеќе, по вкус)
Подготовка:
Во сад измешајте ги белото и пченкарното брашно со гриз, сол и прашок за пециво, измешајте и оставете ги на страна.
Во посебен сад измешајте ги маслото, киселата вода и ситно сечканиот спанаќ, па промешајте и малку по малку додадете ги сувите состојки.
Истурете во калап за мафини, подмачкан или обложен со хартиени корпички за печење, така што смесата ќе дојде до околу 2/3 од висината на „чашката“.
Се печат околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата