Летото е време кога свежото овошје и зеленчук се на дофат на раката, а изборот за разновидни оброци е многу поголем. Затоа ви подготвивме рецепт за полнети домати и веруваме дека ова вистинско летно јадење ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
- 4 домати
- 200 г мелено месо
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- сол
- 50 г ориз
- 160 г кашкавал
Начин на приготвување: Добро измијте ги доматите, а потоа исечете го горниот дел од секој. Со лажица извадете ја внатрешноста, но оставете ја од страна. Посолете ги доматите. Внатрешноста на доматот што сте ја извадиле додадете ја во месото, а потоа и останатите состојки за филот, освен кашкавалот. Сè добро соединете. Со добиената смеса наполнете ги доматите, а одозгора додадете рендан кашкавал. Ставете ги доматите во подмачкан сад, па печете ги во загреана рерна на 180 степени 30 минути. Пријатно!