Ако избегнувате брашно, додадени шеќери, па дури и млеко или јајца поради некоја причина не значи дека треба да се откажете од слатките задоволства! Со само две здрави состојки, можете да добиете домашно слатко со божествен вкус и да уживате во него безгрижно, дури и ако сте на диета.
Ви претставуваме рецепт за сочни слатки мафини од банана и какао.
Мафини од само 2 состојки
Потребни состојки:
- 4 големи и презреани банани
- 6 супени лажици какао во прав
Начин на приготвување: Изгмечете ги бананите вилушката додека не добиете фино пире или можете да користите блендер. Потоа додадете го какаото во прав и измешајте додека се убаво не се соедини. Добиената смеса сипете ја во корпи наредени во калапот за мафини, па печете околу 20-25 минути во рерна загреана на 180 степени.

Дополнителен трик
По желба, можете да направите и глазура со мешање на 2 лажици кокосово масло и 1/4 шолја какао во прав на тивок до среден оган. Мешајте додека не почне да личи на растопено чоколадо, а потоа додадете медот и мешајте уште 30 секунди до минута и прелијте врз мафините.