Од скромните почетоци во малите барови низ Северна Италија, ритуалот на пиење аперол се рашири ширум континентот, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку нивната љубов да уживаат во овој коктел, кој дефинитивно е омилен во Италија.
Лесен, освежителен со уникатен горко-сладок вкус, „аперол шприц“ е совршен пијалак за средината на денот, за уживање со друштво после работа или за почеток на вечерта. Рецептот и процесот се едноставни, се што треба да се грижите е да си обезбедите добро друштво и добро расположение.
Овој коктел можете да го направите и дома, а еве и како:
Потребни состојки:
- многу мраз
- аперол
- просеко
- минерална вода
- еден портокал
Начин на приготвување: Прво сипете полна мера аперол, а потоа истурете ја во чаша за вино. Додадете мраз до врвот на чашата, за да се наполни. После тоа доаѓа просекото (околу 75 мл), а потоа киселата вода која ја истурате додека речиси не ја наполните чашата. Потоа промешајте да се соедини сè, а коктелот е подготвен за последниот детал - парче портокал.
Уживајте!