logo
logo
logo

ПОТПЕЧЕН КАРФИОЛ во сос од сирење: Вистинска ВИТАМИНСКА БОМБА

Vecer | 23.10.2024

ПОТПЕЧЕН КАРФИОЛ во сос од сирење: Вистинска ВИТАМИНСКА БОМБА

Печениот карфиол во сос од сирење не е само задоволство за непцето, туку и вистинска витаминска бомба. Овој зеленчук е богат со растителни влакна, витамини и минерали, а во комбинација со кремасто сирење и малку сенф, создава совршена комбинација на вкусови што ќе ги воодушеви и најпребирливите гурмани.

Печениот карфиол е совршено јадење кое можете да го послужите како прилог или да го претворите во главно јадење. Подготовката е брза и едноставна, а користи секојдневни состојки кои не се особено скапи.

Без разлика дали сте љубител на зеленчук или едноставно барате здрава алтернатива на класичните печива, овој рецепт ќе ве инспирира да вклучите повеќе зеленчук во вашето мени.

Потребни состојки:

1 главица карфиол, поделена на крупни цветови

40 г путер

40 г брашно

400 мл млеко

1 лажичка пикантен сенф

100 г зрел чедар сирење, рендан

сол и свежо мелен црн пипер

Начин на приготвување: Рерната загрејте ја на температура од 190°Ц. Карфиолот добро измијте го и ставете го во поголемо тенџере со солена вода. Гответе три до пет минути, додека карфиолот не стане речиси мек, но сепак цврст. Ставете го во цедалка и оставете да се исцеди. Во тавче со дебело дно се топи путерот и се додава брашното. Пржете на тивок оган една минута. Тргнете го од оган и постепено додавајте го млекото, по малку, добро мешајќи помеѓу секое додавање. Вратете ја тавата на средна температура и мешајте додека не почне да врие. Оставете да врие 2 минути, па тргнете го од оган. Се додава сенфот и две третини од ренданото сирење, па се трга на страна. Карфиолот наредете го во огноотпорен сад. Внимателно прелијте го сосот, внимавајќи карфиолот да биде целосно покриен. Посипете со преостанатото сирење и ставете го во рерната. Се пече 25-30 минути, додека површината не порумени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk