logo
logo
logo

МАРК ЦУКЕРБЕРГ ЈАКО СЕ ЖУРКАЛ

Се качил на клавир и направил ХАОС! Видеото со перформансот на роденденот на жена му го обиколи светот

Vecer | 02.03.2025

Се качил на клавир и направил ХАОС! Видеото со перформансот на роденденот на жена му го обиколи светот

Марк Цукерберг го привлече целото внимание на роденденската забава на Присила Чен со тоа што ја изненади својата сопруга со изведба во стилот на Бенсон Буне, пренесува Дејли мејл. Цукерберг дури отиде дотаму што го облекол препознатливиот син комбинезон на уметникот.

Патем, Чен не штедела пари за да го прослави својот 40-ти роденден. Таа приредила раскошна забава за семејството и пријателите и облекла пет луксузни модни комбинации.

Се чини, дека Цукерберг добро ја проучил изведбата на Буне на песната „Beautiful Things“ и се обидел да ја донесе што е можно поверно.

Иако не направил салто наназад од пијаното како Буне, Цукерберг скокнал од музичкиот инструмент и запеал. Славеничката очигледно уживала во настапот на својот сопруг, како и многубројните гости кои му аплаудираа на основачот на Фејсбук.

Настапот му се допадна на самиот музичар, кој во коментарите на својата објава му напиша на Цукерберг: „Не можам да им верувам на моите очи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk