logo
logo
logo

In memoriam: Почина еден од доајените на македонската адвокатура, Никола Поленак

Vecer | 15.03.2025

In memoriam: Почина еден од доајените на македонската адвокатура, Никола Поленак

Вчера, по кратко боледување, на возраст од 78 години почина еден од доајените на македонската адвокатура, Никола Поленак.

Својот професионален пат го започна во Скопскиот општински суд како истражен судија, со што стана најмлад судија во поранешна Југославија.

Кариерата ја продолжи како адвокат во 1976 година, со континуиран ангажман во бројни судски постапки и значајни правни процеси се до неговото повлекување во пензија во 2016 година.

Во својата долгогодишна кариера како адвокат, Никола Поленак подготвувал одбрана во преку 2000 предмети од кривичната материја.

Зад себе остави богата правна пракса и втемелена професионална етика.

Посмртните останки ќе бидат изложени на 16.03.2025, Недела во 12 часот, во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.

Извор: Канал 5

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk