Министерството за здравство на Турција привлече големо внимание од јавноста откако ги забрани планираните царски резови во клиниките, а критичарите го окарактеризираа тој потег како ограничување на слободата на жените сами да донесуваат одлуки.
Во декретот објавен во Службениот весник на Турција на 19 април, јасно е наведено дека царските рези се забранети во иднина и ќе бидат дозволени само доколку се медицински неопходни.
Во последно време, породувањата со царски рез се сè позастапени, а по него постои поголема можност за респираторни проблеми дури и кога постапката е планирана, но може да го оневозможи и доењето.
Инаку, ризикот се зголемува ако царскиот рез се изврши пред 39-тата недела од бременоста.
Дневно, околу 50 жени во Србија се породуваат со царски рез, со што бројката се искачува на 17.000 на годишно ниво.
Доколку одлучите да се породите во приватна клиника, ќе платите околу 3.000 евра за царски рез.
Изненадувачки е фактот што сè повеќе жени во Србија закажуваат царски рез на датум избран според хороскопскиот знак во кој ќе биде детето, без оглед на сериозноста на хируршката интервенција.
Гинекологот д-р Мима Фазлагиќ смета дека закажувањето „царски рез“ само поради посакуваниот хороскопски знак е лекомислено.
– Тоа е можно, но тие најчесто се породуваат приватно. Лично, не сум имала вакви случаи, дури и ако колегите добиваат такви барања, тие се одбиваат, бидејќи лекарите не го прифаќаат тоа. Во нашата државна институција, сè се прави според протоколот. За да се изврши царски рез, мора да има строга индикација, станува збор за сериозна операција и гинекологот не може да донесе одлука за тоа поединечно. Луѓето можат да имаат разни идеи, но лекарите се тука да ги побијат на секој начин и не се согласуваат на компромис – вели Фазлагиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата