Првата мисија на НАСА на Месечината со човечки екипаж по повеќе од пет децении – „Артемис II“, ја напушти Земјината орбита, упатувајќи се кон Месечината, соопшти американската Агенција за вселенски истражувања (НАСА).
Четворицата астронаути на мисијата „Артемис II“, која беше ланисрана од Кејп Канаверал во Флорида, завчера вечерта, првите 25 часа од нивниот лет ги поминаа орбитирајќи околу Земјата.
Вселенското летало, кое е со големина на минибус, ќе се упати околу 4 000 милји (6 400 километри) подалеку од Месечината, а во понеделник треба да прелета покрај Земјиниот природен сателит, што е следниот голем потег што ќе го испрати екипажот на околу 250 000 милји (406 000 километри) во вселената, пред да се врати на Земјата.
Актуелниот рекорд за најдолг вселенски лет е околу 400 000 километри, а е поставен во 1970 година од членовите на лунарната мисија „Аполо 13“.
Иако астронаутите нема да слетаат на Месечината, мисијата „Артемис II“ го отвора патот за идни истражувања и повторно стапнување на природниот сателит.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата