Како изгледа бракот со геј маж? Има примери за тоа. Врската им започнала како пријателство, но по 9 години одлучиле да се венчаат
Саманта Гринстоун и Џош Хоф се венчале и живеат заедно, и покрај тоа што немаат иста сексуална ориентација и Џош не го привлекуваат жени. Нивната приказна предизвикала бројни реакции, позитивни и негативни, но тие одлучиле да останат истрајни во својата одлука.
Се запознале пред девет години, а нивната врска започнала како пријателство. Саманта развила чувства кон Џош, кои тој ѝ ги возвратил, велејќи дека го чувствува истото, иако и двајцата биле свесни за нивната различна сексуална ориентација.
Се венчале во Лос Анџелес и не ја криеле својата среќа. Саманта ја споделила својата возбуда на ТикТок велејќи:
„Се мажам за геј маж. Само што добивме брачен сертификат и тоа е многу возбудливо.“
Иако многумина претпоставиле дека нивниот брак е „лаванда“ (поим што означува брак меѓу хетеросексуални лица од практични причини, како сигурност или општествени норми), Саманта и Џош го негирале тоа, објаснувајќи дека постои искрена љубов и меѓусебна почит.
Џош рекол:
„Не сме во ‘лаванда’ брак. Ова е брак полн со љубов, не се работи за практичност, туку за љубов која е чиста и вистинска.“
Во едно од своите видеа на ТикТок, Саманта открила детали од нивниот сексуален живот.
„Го правиме тоа на традиционален начин“, рекла таа, објаснувајќи како функционира нивната интимност.
Џош додал дека Саманта не му е само сопруга, туку и сродна душа и партнерка.
Нивното видео станало вирално и предизвикало бројни коментари. Некои биле збунети, други ги поддржале. Еден тиктокер напишал:
„Честитки! Се надевам дека ќе бидете среќни, навистина изгледате среќно денес. Лаванда бракови се мојот нов омилен тренд!“
Додека многумина коментирале и поставувале прашања за нивната врска, тие останале уверени дека нивната љубов е автентична и дека нивната врска е доказ дека љубовта не познава граници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата