logo
logo
logo

7 НАЈОПАСНИ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ: Она што го направиле ни на црниот ѓавол не би му паднало на памет

Vecer | 30.07.2023

7 НАЈОПАСНИ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ: Она што го направиле ни на црниот ѓавол не би му паднало на памет

Некои од најопасните жени биле немилосрдни диктатори, додека други биле сериски убијци, но приказната за хоророт што тие го шират сигурно ќе ве шокира до срж:

1. Мира Хиндли

Мајра Хиндли и нејзиниот партнер Јан Брејди биле вмешани во киднапирање, сексуално и физичко малтретирање и убиство на пет невини луѓе, од кои повеќето деца.

Мира никогаш не се покајала за сите грозоморни дела што ги направила, дури и во судницаѕа ниту еднаш не пушти ласолза за децата што ги убила и физички и сексуално ги малтретирала. Таа е позната и како „најзлобната жена во Велика Британија“.

2. Изабела I од Кастилја

 

 

Жената која стоела зад инквизицијата во Шпанија. Ќе остане запаметена како личност која стои зад прогонот на Евреите и муслиманите. Со уставот од 1492 година, таа барала од муслиманите да преминат во христијанство или да ја напуштат Шпанија.

Како резултат на тоа, 200.000 души биле протерани, додека оние кои останале и го прифатиле христијанството претрпеле страшни маки.

3. Кетрин Најт

 

 

Кетрин Најт е личност која ќе остане запаметена по поместувањето на границите на суровоста и која се стекна со репутација како една од најстрашните луѓе во историјата. Била првата Австралијка која добила доживотна казна затвор без можност за условно ослободување.

А што правела Кетрин? Ја избрусила протезата на нејзиниот поранешен сопруг и брутално го заклала осумнеделното кученце на вториот сопруг, и тоа пред неговите очи.

Еден маж избола до смрт со месарски нож, прободувајќи го 37 пати, додека не му ги прободела сите витални органи. Потоа му ја извадила кожата и ја закачила на прагот од нивната дневна соба. Откако му ја отсекла главата, ја ставила во тенџере и почнала да готви. Испржила делови од неговиот задникот и гi послужиla со сос. Таа дури поставила маса и се обидела да ги нахрани неговите деца со делови од телото на нивниот татко, но, за среќа, полицијата ја спречила во тоа.

4. Кралицата Мери

 

 

Мaриja Тудор станала кралица по смртта на нејзиниот полубрат Едвард VI. За време на нејзиното владеење, многу истакнати протестанти биле егзекутирани поради нивните верувања.

Ја нарекувале „Крвавата Мери“ поради нејзината склоност да прогонува и убива луѓе.

5. Мери Ен Котон

 

 

Мери Ен Котон била познат сериски убиец - убивала за пари. Се омажила на 20 години и имала пет деца. Сепак, четири деца починале поради болки во стомакот и треска. Потоа и нејзиниот сопруг починал од истата болест. Државата и плаќа дивиденда од 35 фунти, што и дава идеја што да прави понатаму.

Нејзиниот втор сопруг, исто така, умира од истите проблеми заедно со нејзините преостанати деца. И тогаш умираат нејзиниот трет сопруг, љубовник, пријател, мајка и уште десет деца. Нејзините грозоморни намери и склоност кон труење со арсен биле откриени подоцна. На крајот била погубена со бесење.

6. Беверли Алит

 

 

 

Попозната како „Ангел на смртта“, Беверли без сомнение била еден од најнемилосрдните убијци во историјата.

Самото сознание дека била педијатриска медицинска сестра говори многу. Била обвинета дека убила четири невини деца и повредила уште пет. Нејзините методи биле брутални: користела инјекции со инсулин или калиум кои предизвикувале срцев удар кај децата. Кога не можела да го направи тоа, ги задушувала децата.

За само 58 дена се обидела да убие 13 деца. Се сомнева дека боледувала од синдромот Минхаузен, пореметување на личноста во кое поединецот му штети на личноста за која се грижи за да привлече внимание.

7. Бел Ганес

 

 

Бел не била обична жена, таа била исклучително висока и развиена, така што дури и мажите се плашеле од неа. Ги убивала своите додворувачи, момчиња, па дури и сопствените деца.

Сите овие кривични дела ги правела за да се стекне со богатство преку полиса за животно осигурување. Некои тврдат дека  убила повеќе од 100 луѓе. Сепак, успеала да ја избегне казната, па дури по нејзината смрт станале познати нејзините убиства.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk